Фокусирајте се на целта и храбро напред

 

Фокус на целта.

Не го тргајте погледот ниту лево, ниту десно. Само фокусот на целта. 

Не дозволувајте ништо однадвор да ви пречи. Не дозволувајте да ве осуети, да ве задржи. Само храбро чекорете напред!

Не му давајте сила на она што не сакате да го искусувате. Не зборувајте за тоа, не читајте, не трошете ја залудно вашата енергија. Целата енергија насочете ја онаму каде што сакате да се движите. 

Да, знам дека е предизвикувачки. Затоа и наградата вреди. Знам дека не е едноставно, но полошо е да останеш во хаосот. 

Вреди! Вреди да се даде она најмоќното од себе за најбрзо да стигнете онаму каде што сакате да отидете. А најбрзиот пат е тоа веќе да го почувтвувате како остварено. Да го живеете одвнатре. Срцето да ви се радува како да е веќе таму. Она однадвор е неважно. Работите започнуваат одвнатре. Од нас и низ нас кон надворешниот свет.

Затоа, само храбро напред. Фокус на целта! На слобода, љубов и радост. На она што сакате да го живеете! Кон она што сакате да го создадете.

И не дозволувајте ништо да ве обесхрабри!

~ Ива Брадариќ