Филипче ја прими втората пратка вакцини од Србија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на граничниот премин Табановце ја прими втората пратка вакцини од Србија.

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар, му ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер на министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно, првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ..