ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа”

ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа во 2021 година”.

Компанијата го освои првото место во категоријата „Административни дејности“ за успешното справување со Коронавирусоти заштитата на вработените во услови на пандемија,како и спроведување нахуманитарна акција за крводарителство.

Наградени беа иницијативите на ЕВН заорганизирањенавакцинацијазазаинтересираните вработени, редовните антиген тестирања на невакцинираните вработени и вработените кои работат на клучни позиции за одржување на дистрибутивната мрежа на државно ниво.

Наградена беше и крводарителската акција која се спроведе во просториите на ЕВН Македонија во соработка со Црвен крст.

Доделувањето на наградите се организираше по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28ми Април. Награди добија најдобрите правни субјекти кои во 2021 година реално и стручнопридонеле во сопствениот развој, инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места.

Организатор на овој настан е Министерството за труд и социјална политика, а наградите заеднички ги доделуваат Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.