Околу 2 часот по полноќ, пожар и силни експлозии ги разбудија граѓаните на Центар кои живеат во близина на ТЦ Буњаковец. Според првичните информации, целосната документација на јавното претпријатие е уништена во пожарот.
Според првичните информации, станува збор за пожар кој избувнал во просториите на ЈП Улици и патишта кои се наоѓаат позади овој трговски центар а експлозиите најверојатно настанале поради струен контакт.
Засега нема информации за причинетата материјална штета.
За неполни два месеци, ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк.