Тешка сообраќајка кај Визбегово, сообраќајот се пренасочува по околните улици

Страотна сообраќајна незгода во која тешко е повреден мотоциклист се случи денеска во скопската населба Визбегово.

Тешка сообраќајна несреќа се случила пред неполн час на улицата „Јадранска пагистрала“ (Кочански пат). Според првични и неофицијални информации едно лице е повредено во несреќата.

На лице место веднаш интервенирал тимот на Итната помош, а во моментов полицијата го обезбедува местото на настанот. Поради несреќата улицата е целосно затворена за сообраќај и возилата се пренасочуваат по околните сообраќајници.