Две деца штитеници на јавни установи исчезнале изминатото деноноќие

На 27.12.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Л.Д.(18), која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.12.2021 во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.