Два наши монументални споменика дел од филмот „Празникот на хризантемите“

Дали некогаш сте помислиле дека некои наши споменици целосно одговараат на дистопискиот и научно-фантастичниот филмски жанр?

Велешката „Спомен костурница“ и „Македониумот“ од Крушево се само дел од монументалните споменици на Македонија, кои пленат со своите архитектонски решенија и целокупниот изглед. Затоа и го најдоа своето место во научно-фантастичниот филм „Празникот на хризантемите“.

Дел од сцените на филмот се снимаа во  Спомен костурница – Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.

Филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара “жена-цвеќе”, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.

Овој филм, исто така, се снимаше во пандемски услови.