Клоуз: Има филм се вика „Пред дождот“, никогаш не излезе од моите мисли

На овогодинешното доделување на Оскарите имаше дел посветен каде на филмските уметници им се постави прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Имаше различни одговори и секој од нив сподели за тоа која земја сака да ја види. Она што за нас беше крајно изненадувачки е што познатата актерка Глен Клоуз го посочи филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ и токму Македонија како дестинација која би сакала да ја посети.

„Има филм се вика „Пред дождот“. Снимен е во Македонија. Очигледно е многу стар и многу се има случено во таа земја. Никогаш не излезе од моите мисли“, вели Клоуз во краткото видео

Инаку, филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.