Драма во Скопје: После расправија земал секира и тргнал да ги нападне

Вчера околу 23 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека на улица „Коста Абрашевиќ“ настанала расправија помеѓу  О.Ш.(31) и О.Џ.(33) од една страна и Ш.Х. друга страна, при што  двете лица физички го нападнале Ш.Х. 

Истиот по нападот од неговиот двор земал секира, но од страна на соседите истата му била одземена и лицето било спречено во намерата да нападне со неа. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.