Во Аеродром родители го нападнале другарчето на нивното дете

Обична расправија меѓу две малолетни деца заврши со напад врз едното дете од страна на родителите на другото.

Според информациите кои ги имаме во саботата во општина Аеродром две малолетни дете имале недоразбирање, при што едното дете било нападнато од родителите на друго малолетно лице, Б.А. и Е.А..

Во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се наведува дека детето било нападнато во саботата, а случајот во полиција бил пријавен дури вчера.  

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.