Драма во Драчево: Насилници го барале синот, па ја истепале мајката

Вчера во Драчево била нападната 55-годишна жена.

- На 01.01.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје 55-годишна жена пријавила дека во нејзината куќа во Драчево била физички нападната од две лица кои го барале нејзиниот син и притоа и се заканувале и оштетиле дел од инвентарот, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.