„Драга Снежана, не сум претседател на Украина“: Македонска пратеничка се посрамоти на фејсбук

Пратеничката на СДСМ, Снежана Ванчева Калеска во објава на фејсбук му го згреши името на спикерот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, а во исто време напиша дека е привремен претседател на Украина.

Под заедничката фотографија по средбата со Стефанчук, со кого се запознала при студиската посета на шведскиот парламент, Ванчева Калеска згрешила во објавата и напишала дека тоа е „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“, а исто така и дека „привремено ја извршува функцијата претседател на Украина“.

Стефанчук под нејзината објава се јави со коментар дека не се вика Олександар Турчинов и не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

-Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски, ѝ напишал Стефанчук.