Донација од 76 воени возила за АРМ од Норвешка

Вкупно 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила ни донира Норвешка за потребите на АРМ. Со оваа донација која беше најавена уште во септември 2023 година ќе може да биде опремен еден цел лесен пешадиски баталјон информираат од Норвешката амбасада

„Донацијата ја симболизира важноста на НАТО солидарноста и соработката меѓу земјите членки. Способноста на алијансата да одговори на криза или конфликт зависи од силата и солидарноста на сите земји членки, а не само на една нација. На 4 април оваа година НАТО алијансата полни 75 години. Северна Македонија стана членка на НАТО во 2020 година, а Норвешка е членка на НАТО од формирањето на алијансата во 1949 година. Двете земји имаат долга историја на билатерална соработка, а со влезот на Северна Македонија во Алијансата во 2020 година соработката стана уште посилна, се вели во соопштението од Норвешката амбасада“.

Донацијата, стои во соопштението, е и индиректна донација за Украина, бидејќи Северна Македонија претходно донираше значителна количина опрема за Украина. Со норвешката донација, Северна Македонија ќе може повторно да надополни дел од опремата што ја подариле, посочуваат од амбасадата на Норвешка.