10-ти декември е закажан за изведбата на „Дон Кихот“ во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.
Диригент е Иван Еминовиќ, а кореограф Виктор Јаременко (Украина).
-За првпат во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија). Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Ивана Коцевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - информираат од НОБ.
Волшебната приказна за ветерниците, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу, ќе биде презентирано пред публиката, велат од НОБ.