Детскиот фестивал „Поточиња“ викендов во Филхармонија

На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе биде одржан детскиот фестивал „Поточиња“.

Организаторите најавуваат голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на „Поточиња“. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител - маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски).

Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс.

Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.