Започнува аудицијата за „Поточиња“

Од 12 до 15 септември во ООУ “Блаже Конески” со почеток од 18:00 часот ќе се одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на јубилејното 20. роденденско издание детскиот фестивал „Поточиња“ 2023.

Потребно е да се отпее една омилена детска песна, но и секое дете да понесе широка насмевка и добро расположение бидејќи сите на фестивалота пред сѐ многу играат и се забавуваат, велат организаторите. 

Минималната возраст за учество е 5 години.