Детска работилница за мозаик - нов предизвик на „Халки шарено лето“

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје.

На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.

Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги.

Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.

- Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.

Работилницата беше дел од серијата настани „Халки шарено лето“ што се одржува со поддршка од Халканк АД Скопје во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Искусни уметници на децата им ги пренесуваат основите за уметностите со кои се бават, а децата имаат шанса да танцуваат, свират и активно да учествуваат во процесот на создавање уметност. На следната работилница децата ќе имаат интересен предизвик – како се прават мозаици.

На следната работилница децата ќе имаат интересен предизвик – како се прават мозаици. Работилницата е насловена „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ и е наменета за деца од 5 до 8 години.

Малите учесници нема само да ги учат основите на мозиакот, туку низ тимска работа ќе учат за реупотреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно.

Работилницата ќе се одржи во среда (23 август) во 18 часот во Музејот на град Скопје. Местата се ограничени на 20 деца кои може да ги пријавите на официјалната Фејсбук страница на Халки - ЛИНК.

Организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи најмладите и за време на летниот распуст да имаат интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.