Десет малолетници се степале во близина на училиште во Гази Баба

Тепачка меѓу малолетници се случила во петокот во близина на училиште. 

На 26.01.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во паркот во близина на основно училиште, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници од една страна и четири малолетници од друга страна, сите соученици, по што еден малолетник со тврд предмет удрил друг малолетник, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.