Денеска и утре прв рок за уписи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

 

Денеска и утре се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Според Конкурсот што го распиша УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10.473 места. Од нив 5.074 се предвидени за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4.439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти.

Може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. Приемните испити на факултетите каде што ги има ќе се одржат на 1 септември, а резултатите се очекуваат на 6 септември.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 11 септември, по што следните два дека е запишувањето на кандидати.

Вториот рок за уписи е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември.