Денес ќе се знае кој ќе не снабдува со струја во наредниве 5 години

 

Денес ќе се одржи електронска аукција на која ќе се знае кој ќе го добие профитабилниот тендер за снабдување со електрична енергија на македонските граѓани во наредниве пет години. Единствен услов е да се понуди пониска профитна маржа која сега изнесува 11.5 % на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“.

Во повикот покрај ЕВН ХОУМ, се пријавија и државната ЕСМ но и грчката ЕДС – „Енерџи деливери солушнс“, која е фирма ќерка на Грчкото електростопанство ППЦ.

Владата на 11 декември објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач во наредните пет години. Причинта е што на досегашниот универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува пет-годишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Новиот снабдувач ќе треба да ја превзема оваа улога од 1 јули 2024 година и ќе има задача да ги снабдува корисниците со електрична енергија на регулираниот пазар.