Демант од Град Скопје: Лажна е веста дека Скопје е помеѓу најзагадените градови во светот

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат се вели во демантот на Град Скопје

Понатаму тие пишуваат дека за нив е неразбрлива потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.

Посочуваат дека Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово и притоа даваат линк до друг сајт каде секој може да ги види резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот.

https://waqi.info/