Делови од две скопски општини утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (среда), без електрична енергија ќе останат:

-  од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од ул.Апостол Петков, ул.Георги Казепов и ул.Борис Сарафов во близина на раскрсницата со претходните две улици (општина Ѓорче Петров)

-  од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на с.Усје (општина Кисела Вода).