Делови од Дебар Маало и Визбегово без вода

ЈП “Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 12:10 часот, поради уличен дефект ф-80 мм на ул. “Мајаковски“ бб (во близина на “Силбо“), во Дебар Маало, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Но од ова јавно претпријатије известуваат дека и од 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улица “1“ во Визбегово. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф-89 мм на улица “1“ бр.37 во Визбегово.