Делови од Центар, Кисела Вода и Ѓорче денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат: 

- од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од дел од улиците: Божидар Аџија, Христо Татарчев, Тодор Паница и Вера Јоциќ. (Општина Кисела Вода)

- од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од ул.Славејко Арсов. (Општина Центар)

- од 09:15 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорче Петров, ( објектите од страна на Реката Вардар од мостот Сарај до спроти Старскиот дом). (Општина Ѓорче Петров)