Поради реконструкција на водоводна мрежа утре дел од Ѓорче Петров ќе биде без вода

ЈП Водовод и Канализација-Скопје известува дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа од ф - 150 мм на ул. Ѓорче Петров б.б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Ѓорче Петров 2, како и дел од корисниците од ул. Борис Сарафов лоцирани на место викано Јурија. (општина Ѓорче Петров)