Дел од Карпош утре без струја, еве каде ќе нема вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (петок) ќе останат:

- од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од: ул. Мексичка, ул. Хаванска и дел од ул. Варшавска. (Општина Карпош). 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (петок) поради промена на вентил од 1 “ во шахта на ул. Букурешка бр. 31 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Букурешка.

Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.