Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна во околината на Битола

Тим од ДЗС- Битола вчера во 12:40 часот безбедно остранил артилериска граната, калибар 75 mm, од Првата Светска Војна (НУС – неексплодирано експлозивно средство) лоцирана во атарот на с. Добромири

Од ДЗС посочуваат дека вакви експлозивни средства во овој период се наоѓаат многу почесто и препорачуваат внимателно шетање и внимателен ископ особено при градежни работи.

Ваков тип на гранати или остатоци од претходни војни можат многу често да се најдат во овој дел на Македонија од причина што тука поминувал Македонскиот фронт или познат како Солунски фронт кој се протегал по речиси целата линија од Битола до Дојран и продолжувал по целата должина на јужната граница.

Правилата при вакви случаи се ако се пронајде неексплодирано експлозивно средство од минатите војни, не треба се помрднува од местото на наоѓање, се оддалечува од него на безбедно место и треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за неговата локација, по што координирано со надлежните институции од Системот за управување со кризи безбедно ќе се отстрани или уништи“, велат од ЦУК.