Берово и Битола најладни со -16, најмногу снег има во Маврово 17 сантиметри

Од Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР) известуваат дека денес најниската температура била измерена во Берово и Битола -16 па следуваат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка.

Најмногу снег наврнало во Маврово 17 сантиметри, 15 во Битола Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 6 Демир Капија, 2 Претор, Прилеп, Струмица и 1 сантиметар во Штип.

За денес според најавите времето ќе биде сончево со мала умерена облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.