Доктор Александар Митов, со интересна објава на својот фејсбук профил, по повод денешниот празник привлече внимание.
Еве што пишува тој за Светите Кирил и Методиј и празникот во нивна чест:
-А како треба да се слави денешниот празник во Македонија?
Како најголемиот од сите.
Два дена државен празник. Бидејќи се слави највеликото на земјата - образованието.
Двата дена да се исполнети со научни, образовни и црковни чествувања.
Да се одржуваат натпревари по говорништво, рецитирање и македонски јазик и истите да ги пренесува националната телевизија.
Во секое училиште да има прослава каде децата ќе учествуваат, а родителите ќе бидат публика.
Да има паради и литии низ градовите.
Да има научни симпозиуми за почетоците на универзитетите и словенската писменост.
Да се слави кај нас повеќе отколку во било која словенска земја!
Оти нам така ни доликува да го славиме овој празник. По оваа земја оделе нашите Просветители и нивните ученици. Иста крв носиме со нив.
Имаме право, но и должност, овој празник торжествено да го прославуваме!