Д-р Беќаровски: Единствен начин да се спасите од пост-ковид синдром е да не се заразите

Доктор Нико Беќаровски смета дека околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!

Овој синдром ги вклучува: отежнато дишење, малаксалост, поспаност, срцева слабост, проблеми со меморија, паѓање на косата, влошување на дијабетот ....

-Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години. ЗА СИГУРНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОСТКОВИД СИНДРОМ ПОСТОИ САМО ЕДЕН 100% ЛЕК - Да не се заразите!, нагласува д-р Беќаровски кој нотира дека секој ден се поголем број на вакви пациенти бараат помош по Клиниките.