Црвено-жолт „хаштаг“: Моќна порака испратена од плоштадот Македонија (видео)

Со црвено-жолт „хаштаг“ формиран од поддржувачите на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и вчера беше испратена порака за отфрлање на тиранската платформа.

Симболично го направија заштитниот знак на иницијативата во боите на Македонија и повторно дадоа поддршка за заедничка и унитарна држава.

Организаторите на иницијативата велат дека не смее да се формира Влада, ниту да се одбере претседател на Собранието кој не ја отфрлил Тиранската платформа.

Тие апелираат до граѓаните уште помасовно да се собираат на протестните маршеви во наредните денови, бидејќи како што велат благодарение на сите кои ги поддржуваат протестите досега не е формирана влада базирана на платформа која може да наштети на унитарноста и суверенитетот на Македонија.