Coca-Cola ја шири новогодишната магија во Македонија

Новогодишната реклама на Coca-Colaсекоја година ги топли срцата на сите граѓани и ја носи новогодишната магија поблиску до нас. Нема поубав период во годината од новогодишните празници, бидејќи токму тогаш имаме можност да уживаме во волшебни моменти и да споделиме прекрасни чувства со најблиските.

Оваа година Компанијата Coca-Cola својата топла новогодишна порака ја пренесево Македонија и преку препев на песната од планетарно популарната Coca-Cola новогодишна реклама на македонски јазик.

Познатиот пејач Влатко Лозаноски ја препеапесната од новогодишната реклама која ги отсликува сите вредности на најомилениот пијалак на светот: семејството, радоста, оптимизмот и неповторливата магија на заедничките мигови. Песнатаги истакнува токму тие вредностипреку нејзиниот текст: „Срца полни радост, очи што светкаат, нека трае овој момент засекогаш“.

Песната е веќе хит на најпознатите радио станици во земјава, а рекламата е достапна на националните телевизии, како и на официјалниот YouTube канал на Coca-Cola.

Погледнете ја тука: