Центарот за управување со кризи на терен: Се санира опасно искривен метален висок столб

По пријавена опаснист во ЦУК, за опасно искривен метален висок столб за улично осветлување, непосредно кaj телевизијата 24 Вести, во комплекс ,„Газела", во почеток е постапка за отстранување опасност за граѓани и материјални добра, информираа од Центарот за управување со кризи. 

-Конкретно, почнатa e веднаш иницијатива од ЦУК преку Секторот за операции и координација до надлежните институции од Системот за управување со кризи, согласно оперативните стандардни процедури за ваквите случаи, согласно постојано отворената акција, повик, ,,Пријави опасност" при што граѓаните пријавуваат на Единствениот број за итни повици, односно случаи, Е 112 во ЦУК, за опасности во нивната, односно нашата животна средина, информираа надлежните.