Царина: Сопружници сакале нелегално да изнесат 16 илјади долари од државата

Царинските инспектори од мобилниот тим на Секторот за контрола и истраги спречиле обид на двајца сопружници да изнесат нелегално девизи во вредност од 16 илјади долари од државата.

Сопружниците, кои се македонски државјани, при излез од државата на граничниот премин Богородица, на прашање од страна на инспекторите дали имаат нешто за пријавување, одговориле негативно.

При деталната контрола на возилото, во предната касета биле откриени 16 илјади долари. Во согласност со Законот за девизно работење, на секое лице му беа вратени по 2.100 долари, додека останатите 11.800 долари им се привремено запленети.

Откако беа земени изјави од патниците, против возачот е поднесена кривична пријава за девизен прекршок.

Од Царината напоменуват дека граѓаните при излез од државата е дозволено да се носат ефективни странски пари до износ од 2 илјади евра по лице. Ако се износот на девизи е поголем од 2 илјади евра, тие треба да се пријават на царинската управа со приложување на потврда од овластена банка или менувачница. Износот на девизи кој надминува 10 илјади евра не смее да се изнесува без соодветна документација.