Богоев: За 60 проценти се зголемени кривичните пријави во 2023 година од страна на Царинската управа

На денешниот брифинг со новинари, директорот на Царинската управа, Стефан Богоев истакна дека резултати во сузбивање на криминалот има и како доказ презентираше дека кривичните пријави за 2023 година се зголемени за 60 проценти. 

Меѓу пријавите се кривични пријави за криумчарење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, даночно затајување, фалсификување пари, царински измами, фалсификување на исправа, избегнување плаќање давачки со прикажување лажни податоци.

- “Минатиот месец кривичнa пријавa беше поднесена за лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик“, рече Богоеви и посочи дека ова било дел од посериозна мрежа што имала и лабораторија на територија на државата а која со акцијата е разбиена.

Претходно царината поднела кривични пријави против сторители за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни.