Вечерва се слави Ноќта на вештерките или „Halloween“, како што го нарекуваат Американците. Оваа традиција во последните години наголемо се практикува и кај нас, иако станува збор за ирски пагански обичај.
Познатиот инфуенсер Никола Николовски „Боемот“ со осврт за празнувањето на овој ден во македонското општество.
- Страв ме фаќа да седнам во некој добар кафич. Секаде накитено и фама за странски и туѓ празник. Во супермаркетите иста песна, полни рафтови со тикви и страшни маски наменети за славење на Халовин... Деца облечени со маски на вештерки, вампири, нашминкани со црвена боја која треба да личи на крв, обоени бели лица што личат на духови. Деца да го слават овој празник? Па тоа е надвор од здрав разум! - напиша тој на својот Инстаграм профил.
- Еве да не бидам само критички настроен ќе дадам и моја сугестија. Нека им се објасни на децата на часовите по англиски во што се состои симболиката на тој празник, објективно. Нека образовната институција им каже што и како е празникот за утре кога ќе прошетаат низ „белиот свет“ да знаат во што се состои, но маскенбали, забави, кои впрочем се и дополнителни трошоци за родителите се чиста глупост, додава „Боемот“.
Констатира дека ова е само за да се биде „во тренд“.
- Со вашите туѓи празници се ставаат во втор план нашите македонски и христијански обичаи и со тоа се нарушува нашата традиција. Халовин е штетен за децата! Овој туѓ празник се промовира низ хорор филмови и со него се промовира многубоштвото, политеизмот и слични работи кои не се во согласност со нашите вредности. Како Македонци ние мора да го игнорираме овој празник. Доста даваме на држави со измислени херои да го креираат нашето јавно мислење и да славиме празници кои се против нашите вредности. Халовин не е дел од нашата култура, затоа го игнорирам! - вели тој.