Знаеш дека си од Аеродром кога…

Познатиот инфлуенсер „Боемот“ на Инстаграм објави пост кој најдобро го разбираат оние кои се од најголемата и може да се каже најурбаната скопска општина.

Знаеш дека си од Аеродром кога…

- Кога ќе се помине Железничка и ќе се дојде во овој дел од градот владее посебно чувство, а за човек да го сфати мора да живее и да излегува тука. Ако ова беше наука ќе се викаше Аеродромологија, ама јас би ја нарекол Аеродромизам. За да го опишам Аеродромизмот ќе мора да го прочитате текстов до крај…, ја почнува својата објава „Боемот“. 

- Знаеш дека си од Аеродром кога тренерките ти се пред фармерките. Кога за искачање не палиш кола и локално наоѓаш добро местенце. Кога се шеташ низ Бисер и доаѓа Ѕифо и ти бара цигара, па ти ги раскажува приказните дека играл во Баерн Минхен. Знаеш дека си од Аеродром кога шпарташ пешки низ населба, па со другарите правите бабуш пресметки колку заработува 7-ца за една вечер.

Прва асоцијација на цело Скопје за Аеродром е МЗТ. И точно, знаеш дека си од Аеродром кога одиш на МЗТ и си дел од плаво-белата трибина. Кога стиховите за ,,Песна, шал и другари” ги знаеш како ,,добро утро”, а опсесија ти е локалниот клуб. Кога идете во диско и ,,Излажи ме”, ,,Дупла водка” и ,,9000 метара” ги пееш по аеродромска верзија, а кога сте собрани друштво ечи ,,Dale dale Boca” и ,,Легенда - време е”.

Кога после журка се трезниш со бурек од Силбо, а барем еднаш си бил у ,,Ган” на афтери. Кога си скромен, едноставен и не ти треба многу за среќа. Кога полниш вода на постарите и имаш стравопочит од нив. Кога почитуваш збор, знаеш за лојалност и верност. Кога и покрај што си пораснат и сите од страна ти викаат ,,ало дај оправи се уште ли со аеродромски филмови се замараш” ти си тераш по свое… Се разбира, понекогаш има и неугодни ситуации, фрки, тензија, но и убави моменти исполнети со радост и смеа.

Локал патриотизмот е одличен, па затоа во пригода давам порака до сите да си го бодрат локалниот клуб и да го сакаат своето место на живеење, вели „Боемот“ во својата Инстаграм објава која ги освои неговите следбеници.