Бислимовски вели дека до крајот на месецов 90 отсто од домаќинставата ќе имаат евтина тафира

Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила. 

- Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа, појаснува Бислимовски. 

Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, веќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеке од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто. Никој граѓанин нема да биде оштетен, тоа се однесува и на сметките, појасни тој денеска  за „Студио 10“.