Макрон на македонски јазик ѝ честита на Силјановска Давкова за победата

На официјалната страница на социјалната мрежа Фејсбук на францускиот претседател Емануел Макрон се појави честитка на македонски јазик, упатена до новоизбрата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

В недела таа треба да биде инаугурирана од Собранието по што и официјално ќе стане првата жена претседател на Македонија.

- Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Макрон на Фејсбук. 

- Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски, напиша Силјановска Давкова во одговорот до Макрон во кој се заблагодари за поддршката и честитките.