Без вода денеска неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат: 

-поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм.на улица 5 бр.73(Попово маало) с. Стајковци. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата 5 (Попово маало) с.Стајковци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 00:30 часот до завршување на дефектот. 

-поради реконструкција на водоводна ф-150 мм на крстосница Св. Наум Охридски/ Кавалска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Пржино, Кавалска и Благоја Гојан. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.