Без вода дел од скопска населба

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје поради настанат уличен дефект во населбата Лисиче на водоводна цевка Ф80мм на улица „Јован Кукузел“ 9А, а без вода ќе бидат корисниците од улица „Јован Кукузел“, „Димитар Туриманџовски“, „Митре Влаот“, „Ѓорѓи Андревич - Кун“, „Ернест Телман“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Ѓуро Малешевец“, „Зборска“, „Дете Татуличе“ и „Димтар Благоев“.

Прекинот ќе трае се до завршување на работните активности соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација.