Без вода дел од Црниче

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска од 11:30 часот, без вода се корисниците на улица „Томе Арсовски“ во населбата Црниче.

Водоснабдувањето е во прекин поради дефект на затворач ф-100 милиметри на улица „Томе Арсовски“ број 29.

Корисниците ќе бидат без вода од 11:30 часот до завршување со санација на дефектот.