БЕГ целосно ќе ги уреди коловозот, тротоарите и тревниците на “Народен фронт“ (фото)

На инсистирање на Општина Центар, БЕГ викендов ќе го асфалтира коловозот според изведбениот проект, со квалитетни материјали како што е наведено во проектот.

До крајот на месец август, БЕГ ДООЕЛ улицата “Народен фронт“, на која се интервенираше на вреловодот, ќе ја врати во првобитна состојба. Ќе се санира системот за полевање, ќе се реконструира тревникот и ќе се засадст нови дрвја.

Откако граѓаните со право реагираа на отежнато и небезбедно движење по улицата, екипите на Општина Центар излегоа да ја утврдат ситуацијата на улицата. По извршениот увид на улица “Народен фронт“ во Капиштец, констатираа пропаднат коловоз, отворени дупки на улицата и тротоарите, оставени прекопи, уништен парк со исушени садници, отворени јами, уништени тревници и паркинг кој е посипан само со земја.

Општина Цетар ги преземаше сите неопходни чекори и изрече казни за БЕГ, но инвеститорот, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи досега самоволно и незаконски се однесуваше и не ја врати улицата во првобитна состојба.

Овој проблем е конечно надминат и БЕГ се согласи да даде двегодишна гаранција за квалитетот на улицата “Народен фронт“ по цела должина, тротоарите и тревниците.