Арсовска: Следната година бесплатен автобуски превоз за сите граѓани

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, најави дека в година ќе воведе бесплатен автобуски превоз.

Во одговор на новинарско прашање, таа информираше дека во буџетот за наредната 2024 година ќе бидат предвидени пари за оваа намена.

- Најавувам дека во следниот буџет веќе го буџетираме бесплатниот јавен превоз за сите граѓани. Ќе биде ставена и оваа одлука пред советниците кога ќе гласаат за буџетот во 2024 година, изјави Арсовска.

Taa aпелираше, во интерес на граѓаните, советниците да ја изгласаат одлуката за набавка на 250 екоавтобуси, кои сукцесивно ќе се набавуваат, затоа што, како што порача, ова е нешто што не би требало да има политичка заднина.

Градоначалничката додаде дека оваа одлука веќе десетина пати се нашла пред советниците. Според неа, советниците треба да гласаат во интерес на скопјани, кои им дале глас за да работат за добро на градот.