Александар Колевски избран за најдобар полицаец за 2022 година во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека Александар Колевски е избран за најдобар полицаец за 2022 година.

- Александар Колевски од полициската станица од општа надлежност Гази Баба е избран за најдобар полицаец за 2022 година. Колевски во текот на целата година се истакнува во својата работа и истиот е избран по спроведена подтапка во рамки на полициската станица, напиша Стефковски.

Колевски ќе добие еднократна парична награда од општина Гази Баба.