АХВ: Се повлекува еден производ од продажба, пронајдена е пластика во самиот состав

Агенцијата за храна и ветерина известува дека операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, врши отповикување на Чоколаден бар Милка Орео 37гр. Причината за ова отповикување е поради тоа што се пронајдени парчиња пластика во самиот производ. Инаку овој производ од пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар токму поради истата причина.

Назив на производот: Чоколаден бар Милка Орео 37гр.
Сериски број/лот: OSK0934652
Рок на употреба: 18.08.2024
Причина за отповикување: Присуство на пластични фрагменти.

Производител: Mondelez Polska Production SP Zoo
Увозник во РСМ: ТД Нелт СТ ДООЕЛ
Дистрибутер во ТД Нелт СТ ДООЕЛ