Агенцијата за храна забрани „Песто од босилек“ за употреба, вратете го ако сте го купиле од маркет

Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево ги информираше потрошувачите дека се отповикува следниот производ – Кооп песто босилек 190 гр. Отповикувањето е поради детектирана опасност – туѓо тело во производ.

Сериски број/лот: LM278.

Рок на употреба: до 05.10.2025

Потекло: Произведено од CLAS Во фабриката на Чиусанико (ИМ)

Од таму апелираат до потрошувачите да не го конзумираат производот и веднаш да го вратат од местото каде што го купиле.