Бисера Костадиновска Стојчевска: Овие избори се новиот почеток на СДСМ

Бисера Костадиновска Стојчевска, со фејсбук статус им се обрати на граѓаните по вчерашниот изборен ден, во кој СДСМ доживеа пораз. 

Честитки за граѓаните кои достоинствено, во фер и демократска атмосфера, учествуваа во изборниот процес и придонесоа за демократскиот и институционалниот напредок. 

Изразувам посебна почит и благодарност кон граѓаните кои гласаа за коалицијата предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски.

Според неа, тоа е поврда за важноста на европската иднина на државата, од која тие, како државотворна партија, нема да се откажат. Напротив, гласовите кои ги добивме се обврска и мотивација да продолжиме напред и продолжиме да го следиме националниот интерес. 

Таа им честиташе на сите пратеници во новиот состав на Собранието, посочувајќи дека токму овие избори се новиот почеток на СДСМ. Изборниот резултат е одговорност на сите нивоа, заклучи таа.