Адвокатот Јанаки за измените на Кривичниот законик: Хорхе амнестираше 56 луѓе, овие ги аменстираат сите!

Адвокатот Јанаки Митровски, на својот Фејсбук профил распали за измените на Кривичниот законик со европско знаменце, а со кои се предвидува драстично намалување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување.

- Владата и лично премиерот предлагаат поради наводна потреба од усогласување на регулативата со ЕУ(европско знаменце) драстично намалување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување. Сето ова во услови на масовна коруптивност на носителите на функции. Опозицијата си молчи бидејќи утре и за нив ќе важи. Хорхе амнестираше 56 луѓе овие ги амнестираат СИТЕ. Се е исто само него го нема. Патем сите кои сега се судат во моментот ќе можат да се повикаат на примена на поблаг закон. Држава? Жабокречина!, потенцираше тој.