90 возачи вчера биле казнети за брзо возење во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден (19.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 90 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест санкции за возење без лекарско уверение при вршење јавен превоз... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР.